Му фрлиле бомба во куќата - македонската полиција ги фати насилниците
СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица во врска со случајот со фрлената експлозивна направа во двор од куќа во Куманово на 27 мај, годинава.
Како што соопштуваат од МВР, поднесени се кривична пријава против С.Т. (49) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, против И.Ш.(53) од село Оризари, општина Липково за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со „предизвикување општа опасност” и против С.А. од село Оризари, општина Липково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ и „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје и распрскувачки материи“.
- На почеток на мај 2018 година во кафе бар во Куманово првопријавениот С.Т. побарал од второпријавениот И.Ш. да договори со трето лице, за паричен надомест од 1.000 евра, лицето да фрли експлозивна направа-бомба, во двор од куќата на Д.Г. од Куманово. После тоа, С.Т. на И.Ш. му ја дал експлозивната направа – бомба, по што тој му ја дал на С.А., кој на 27.05.2018 година околу 03.30 часот ја фрлил експлозивната направа во дворот од куќата на Д.Г. на ул. „Славиша Вајнер” во Куманово, наведуваат од МВР.
С.А. е приведен и од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа