Се судриле па го претепале: Драма на „Џон Кенеди"
Во 17,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата “Џон Кенеди“ настанало недоразбирање во сообраќај помеѓу 37-годишниот Б.А. од селото Блаце, кој управувал патничко моторно возило “Сеат Алтеа“ со скопски регистерски таблици, и моторциклист кој бил заедно со уште четири лица.
Тие физички го нападнале Б.А., потоа му искршиле едно странично стакло од возилото, а пријавителот го стартувал возилото и успеал да избега.
Подоцна нападнатиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа