Според ова на кората на лубеницата секогаш може да ја изберете најблагата

 

Има многу трикови и „финти“ за одредување на идеалната лубеница, но за оваа велат дека проверено успева. И навистина е едноставна.

Потребно е само да обрнете внимание на делот на лубеницата кој е често занемраен. Избегнувајте лубеници кои имаат мека кора и бирајте ги оние кои се тешки, а особено обрнете внимание на бојата околу дршката.

Местото на кое лубеницата била поврзана со листот додека растела може да ви каже многу за зрелоста на лубеницата и тоа дали е подготвена за јадење или е зелена. Овој дел треба да биде благо жолта боја, бидејќи доколку е зелена тогаш лубеницата не е доволно зрела и ќе има вкус на краставица.

Доколку е премногу жолта, тоа може да биде знак дека е презрела и таква подобро да се избегнува.

Затоа секогаш бирајте ја онаа лубеница чија дршка е најприближно е во боја на путер, и нема да погрешите.

 

 

 

 

06.08.2018 - 19:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега