Несреќа во Охридското езеро: Со скутер удрил во човек и избегал
Полициската станица од Струга презема мерки за пронаоѓање на лице кое вчера во 16:40 часот, управувајќи скутер во водите на Охридското езеро кај населбата „Езерски лозја“, го повредил 50-годишниот Р.Д. од струшкото село Ливада.
Според пријавата, Р.Д. пливал на околу 500 метри оддалеченост од брегот кај населбата „Езерски лозја“ кога бил удрен од скутер. Возачот на скутерот веднаш заминал и не му пружил помош на повредениот. Тој, со помош на друго лице бил пренесен во Општата болница во Струга.
09.08.2018 - 13:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа