Заврши дебатата „Усогласеност на Законите со подзконската регулатива“

 

Денеска во организација на Центарот за енергетска ефикасност (МАЦЕФ) и Министерството за економија, беше организирана дебата на тема „Усогласеност на Законите со подзконската регулатива“.

Потребно е да се направи разлика помеѓу проект и елаборат, за негово реализирање треба да се  усогласат законските со подзаконските акти со што ќе се  создадат предуслови за да се избегнат недоразбирањата меѓу инвеститорите и проектантите при реализација на нивните обврски, е она што денеска беше констатирано на дебатата.

-Во законот се дефинирани определени обврски кои што се разработуваат во правилниците но ние заклучуваме дека има определена неусогласеност и предлагаме да се усогласат. Не е расчистено меѓу поимите проект и елаборат, кои се нивните овластувањеа и што треба едно на друго да претходи особено со измените во законот за енергетика, истакна претседателот на МАЦЕФ Константин Димитров.

- Во законот се вели дека треба да има проект за заштита за пожар додека подзаконскиот акт вели елаборат за заштита од пожар и во финалната документација што ја добиваме стои основен проект-елаборат за заштита од пожар што е неусогласено бидејќи елаборатите се подготовка за проектот, рече Димитров

Според Даме Димитровски од Машинскиот факултет, Комората на овластени архитекти и инженери  засега се справува со проблемите околу неусогласеноста на законските и подзаконските регулативи, и ги спроведува  елаборатите за енергетска ефикасност но потребно е нивно усогласување за успешно справување и градење на објекти -Инженерите имаат пракса и покрај не донесена добра регулатива да се водат по некое повисоко ниво, доколку во Македонија не постои стандард за некоја област тие се водат по стандарди од околните земји каде што тоа е подобро регулирано во делот на униформирање на целиот елаборат, рече Димитровски. 

На дебатата имаше претставници од министерствата за економија, животна средина и просторно планирање и транспорт и врски  како и  претставници на инженерски здруженија, проектантски организации и академски институции.

18.09.2013 - 13:02
Фото: 
Лидер.мк

најчитано сега