Паднал од стан на бетон – бизарна несреќа во Македонија

 

 

 При изведување градежни работи на станбен објект, 54-годишниот О.С. од Штип, вработен како лимар, вчера околу 13:00 часот на улицата „Гоце Делчев“ во Штип од засега непознати причини паднал од висина од 3,5 метри на бетонски под.

 Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница Штип каде му биле констатирани тешки телесни повреди, по што поради сериозноста на повредите бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

 Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.

 

 

 

10.08.2018 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега