Малолетник падна од приколка – итно донесен на Ургентен во Скопје
25-годишниот А.Ч. од село Топлица, вчера во 9:35 часот додека управувал трактор со приколка во село Добридол, гостиварско, од приколката паднал 16-годишник од село Сенокос при што се здобил со повреди.
Со возило на Итна медицинска помош тој бил пренесен од Медицински центар Гостивар, а потоа, поради карактерот на повредите, бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар.
10.08.2018 - 11:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа