Хорор во Македонија: Силувано 15-годишно девојче
Во 20 часот во Полициската станица Струга, 37-годишниот С.Ј. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 15 часот во Струга, во куќата на Ф.Н. каде престојува заедно со неговото семејството, 39-годишниот С.Џ. од Скопје извршил полови дејствија над неговата 15- годишна ќерка.
Од страна на полициски службеници С.Џ. бил пронајден и приведен во полициска станица, при што било констатирано дека се бара за издржување на казна затвор.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
10.08.2018 - 13:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа