ВИДЕО: Македонскиот клуб ја освои титулата Австралија - во соблекувална ечеше „Бисер балкански“
На три кола до крајот во четвртата лига север на државата Викторија, македонскиот клуб Лалор Слога Јунајтед го осигура првото место и шампионската титула за 2018 година.
Во дербито на колото против вториот Даребин Јунајтед, Лалор Слога одигра 1:1 што беше доволно да направи недостижна предност од 10 бода.
После натпреварот фудбалерите славеа во соблекувалната. Ја пееја „Бисер балкански” и со многу емоции го прославија пласманот во повисок натпреварувачки ранг.
11.08.2018 - 20:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа