Струга: После расправија земал нож и тргнал во напад - соседите едвај го спречиле
Полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 21-годишниот М.Ц. од струшкото село Октиси, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Пријавениот, како што соопшти СВР Охрид, казненото дело го сторил на 27-ми минатиот месец, пред семејната куќа на Н.Б. во Струга.
- Почнал вербална расправија со Н.Б. за неисплатен паричен долг, а потоа и физички го нападнал. Во еден момент, од седиштето на скутерот извадил нож и се упатил кон оштетениот со намера да го нападне, но притоа бил спречен од соседите, појасни портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа