Скопјанец претепан во својата куќа
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава 30-годишниот Д.Т. и 34-годишниот З.Т. (34), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 15.03.2018 година околу 22:30 часот пријавените влегле во дворот на 37-годишниот Д.С.од Скопје на локалниот пат за село Љубанци, ја отвориле влезната врата од куќата и физички го нападнале Д.С. нанесувајки му повреди по телото.
13.08.2018 - 15:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа