Паднал од кров - работник од Скопје тешко повреден
Во 13.15 часот е пријавено дека во Комплекс клиники Мајка Тереза е донесен повреден 47-годишниот А.Џ. од Скопје.
При извршен разговор со повредениот е констатирано дека на улица "Кирил и Методиј" додека извршувал работни задачи на кров, се лизнал и паднал на земја, по што се здобил со тешки телесни повреди.
Лицето е задржано за понатамошно лекување.
16.08.2018 - 13:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа