Парис Хилтон ќе учествува во бугарскиот Голем Брат

 

Американската богаташка Париз Хилтон пристигнала во Бугарија. Оваа ќе биде нејзина прва посета на оваа земја, а причината е нејзиното учество во бугарската верзија на светски познатото реално шоу „Голем брат“.

Триесет и две годишната наследничка Хилтон вели дека е возбудена што е во Бугарија.

„Ќе останам во Софија неколку дена.Прв пат сум во Бугарија и сум многу возбудена што сум овде.“, вели таа.

 Парис пристигнала во Софија заедно со нејзиното момче, шпанскиот маникен Ривер Виперијем. Меѓу другото таа го најави и својот прв сингл од новиот албум кој ќе излезе на први октомври.

18.09.2013 - 15:53

најчитано сега