ВИДЕО: Новиот Бетмен може да ја поднесе омразата на Интернет

Актерот Бен Афлек кој ја прифати улогата на Бетмен за најновото продолжение, изјави дека веќе се навикнал на лошите коментари.

Тој конечно проговори за “аферата Бетмен“, односно за инцидентот кој беше предизвикан кога беше објавен фактот дека  тој е одбран за улогата на маскираниот херој.

Афлек призна дека неколку дена по објавањето на веста го избегнувал интернетот, а и дека и од „Ворнер Брос“ го предупредиле дека е можно да наиде на негодување од јавноста.

"Јас сум голем дечко. Не сум бебе и се навикнав на ср*** и истите знам да ги поднесам", изјави Афлек во емисијата на Џими Фалон.

Луѓето од студиото ми се огромна поддршка затоа што веднаш ми кажаа: Ти си новиот Бетмен, но сакаме да ти покажеме како поминаа претходните".

"Можам се да поднесам. Ако се соочив со тоа што ме "искулираа" за наградата Еми, ќе ја поднесам и омразата на интернет", вели тој.

18.09.2013 - 16:34

најчитано сега