Ужасна несреќа во Македонија: Камион прегази жена, почина на лице место
Седумдесет и едногодишна прилепчанка С.П. вчера им подлегна на повредите здобиени од удрар од товарно возило „Киа Бета“ управувано од С.Т. од Прилеп, со прилепски регистарски ознаки.
Како што соопшти МВР, сообраќајната несреќа се случила околу 09.40 часот на крстосницата од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Ристо Секирчанец“ и ул.„Јоле Андоноски во Прилеп“.
- Од ударот С.П. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Градската болница-Прилеп, каде околу 15.20 часот починала, наведуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата ќе биде предадено за обдукција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа