Смрт на македонските патишта: Се забил во бетонска ограда и починал

 

 

Околу 13.50 часот на патниот правец Струмица-Берово, на излез од селото Дабиле, 49-годишниот Г.Т.  од селото Петралинци, управувајќи патничко возило „Пежо 607“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола, излетал од патот и удрил во бетонска ограда.

Од ударот и здобиените повреди Г.Т. починал на местото.

Смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

По наредба на Јавниот обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Во периодот од 14.05 до 16.30 часот патот бил затворен, а сообраќајот истиот бил пренасочуван по магистралниот пат с.Дабиле кон с.Босилово. 

 

 

 

19.08.2018 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега