Влегол по неа во влез и се обидел да ја силува: Драма за гостиварчанка

 

По полноќ во Полициската станица Гостивар, 48-годишна жена од Гостивар пријавила дека непознато лице се обидело да изврши полов напад врз неа во влезот од зградата во која живее. 

Кога влегла во влезот од зградата, по неа влего и лицето, ја фатило за рака и и се обратило со вулгарни зборови. Таа почнала да го удира со чантата, ја отворила вратата од зградата и го турнала надвор на улица, по што почнала да вика, а лицето побегнало во непознат правец.

По преземени мерки, а поради основано сомнение дека е сторител на делото, од слобода бил лишен Ј.К. (29) од Албанија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

19.08.2018 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега