Шојбле: Грција од идната година ќе го остави зад себе најлошото и ќе излезе од рецесија

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле прогнозира дека од 2014 година Грција ќе почне да излегува од рецесијата, објави весникот „Етнос“.

- Грција во 2014 година би можела да го остави зад себе најлошото, изјави германскиот министер за финансии за весникот „Цајт“, нагласувајќи дека имало „кратење“ на нејзиниот долг во 2011 година и дека грчките државни обврзници биле доброволно намалени од недржавни кредитори за 53 проценти.

Тоа нема повторно да се случи, второ „кратење“ на грчкиот долг нема да има, истакна Шојбле.

19.09.2013 - 09:57
Фото: 
Денешен

најчитано сега