Припадник на Еулекс загина во Косово

Припадник на Еулекс кој утрово беше ранет на север во Косово им подлегнал на повредите во здравствениот центар во Косовска Митровица, јави Танјуг.

Припадникот на Еулекс имал прострелни рани нанесени од огнено оружје.

Портпарол на Еулекс во изјава за српската агенција вели дека инцидентот се случил околу осум часот наутро во близина на Звечан. Нема други лица од Еулекс повредени во инцидентот. 

19.09.2013 - 10:25
Фото: 
Алфа.мк

најчитано сега