Јапонци од Средно Коњаре: Навивачите на Братство го исчистија кратовскиот стадион
Следејќи го примерот на Јапонците на Светското првенство во фудбал кое се одржа во Русија, навивачите и играчите на Братство Влазними пријатно ги изненадија домаќините, кога играчите од Средно Коњаре (село помеѓу Скопје и Куманово), ги исчистија соблекувалните на стадионот на Силекс, а навивачите го собраа и отпадот од трибините.
Домаќините биле изненадени кога по натпреварот виделе дека е исчистена соблекувалната на Силекс, отпадот собран во кеси, а на ливче хартија напишано „Благодариме за гостопримството“.
Кратовскиот портал „Аберџија“ пишува дека навивачите се однесувале коректно на трибините, без навреди какви што може да се забележат во некои од натпреварите од Првата лига. По крајот на мечот, фановите на Братство си ги собрале отпадоците од трибините и го оставиле просторот среден "цакум-пакум".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа