Костадинов: На референдумот да гласаме за подобар живот во европска Македонија

 

Доаѓа време за нова одлука, кога треба да го направиме следниот чекор од овој вистински пат по којшто се движи Македонија.“ – вели Костадин Костадинов од СДСМ во прес конфернеција утрово.

Имаме историска можност на престојниот референдум да излеземе и заедно да избереме сигурна иднина.

Македонско-грчкиот договор ширум ги отвора европските перспективи, обезбедува членство во Европската унија и НАТО со загарантиран македонски идентитет.

Со членството во Европската унија значителноќе се зголемат фондовите кои ЕУ ги вложува во нашата инфраструктура. Тоа значи многу повеќе пари и за нови патишта, водоводи, канализации, пречистителни станици, за нови училишта, градинки.

Со влезот во ЕУ, Македонија станува дел од пазар од 500 милиони потрошувачи, а македонските прозиводи стануваат рамноправни на големиот европски пазар.

Досегашните искуства на земјите од регионот покажуваат дека по влезот во ЕУ, економскиот раст се интезивира, невработеноста се намалува, а расте извозот и бројот на нови работни места.

Членството во ЕУ ги зголемува домашните и странските инвестиции. Новите инвестиции ќе донесат повеќе пари, нови работни места, повисок БДП и повисок животен стандард.

На пример бруто домашниот производ на Унгарија се зголемил за 23%, на Чешка се зголемил за 37% проценти а дури за 63% се зголемил БДП во Полска, по членството во ЕУ.

Почитувани граѓани,

Членството во ЕУ и НАТО носи огромни придобивки за сите нас.

Да излеземе на рефереднумот и заедно, обединети, да ја обезбедиме македонската иднина како рамноправна членка во ЕУ и НАТО, со зајакнат и заштитен македонски идентитет.

На референдумот на 30 септември да кажеме ДА за влез во ЕУ и НАТО со зајакнат македонски идентитет, да кажеме силно ДА за европска држава, ДА за македонската иднина!“ – вели пратеникот на СДСМ.

 

 

 

 

 

26.08.2018 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега