Стружанец зад решетки - другар му умрел од неговата дрога

 

35 годишниот стружанец П.И. си заработи кривична пријава и 30-дневен притвор, откако полцијата дознала дека тој му ’подарил’ метадон на 25 годишниот охриѓанец О.Б.

Според МВР, П.И. отишол во домот на О.Б. и му дал 4 милиграми метадон. Младиот охриѓанец си ја инјектирал дрогата и заедно со својот дилер заминале во центарот за лекување на наркозависници. Таму, неговата здравствена состојба се влошила, па П.И. и уште неколку лица го однеле во неговиот дом. Охриѓанецот починал по кратко време. На неговото тело не биле пронајдени траги на насилство.

Како што информираат од полицијата, П.И. е лице кое во Центарот за лекување на наркозависници е регистриран уживател на метадонска терапија.

19.09.2013 - 12:11

најчитано сега