Тотенхем го прегази Јунајтед на Олд Трафорд: Мурињо си ги пакува куферите

 

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл и уште еднаш ги разочара фановите откако на домашен терен беше поразен од Тотенхем со 3:0.

Ова е втор пораз за „црвените ѓаволи“ од почетокот на сезоната и сега столчето на Мурињо сериозно е разнишано. Англиските кладилници и пред овој меч даваа најмал коефициент дека Мурињо ќе биде првиот тренер во Премиер лигата што ќе си замине.

Во првите 45 минути видовме жестока битка на средината на теренот, без големи шанси, а најзрелата прилика ја имаше Лукаку, откако го помина и голманот Лорис, но не успеа да го погоди празниот гол.

Во второто полувреме тимот на Мурињо се „распадна“ за неколку минути. Хари Кејн со одличен удар со глава го отвори резултатот во 50-та минута по центаршутот на Трипие, а само две минути подоцна веќе беше 0:2 откако Лукас Моура погоди по додавањето од Ериксен.

Потоа во игра влезе Санчез и домаќините заиграа подобро, но не успеаа да постигнат гол, а конечните 3:0 ги постави Лукас во 84-та минута.

 

 

 

 

27.08.2018 - 23:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега