Пукање во Скопје: Се слушнале истрели во куќа
Во Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 19.50 до 20.10 часот било пријавено дека на улицата „Петар Манџуков“ се слушнале истрели од оружје.
Од страна на полициски службеници излезено е на лице место, извршен бил увид во дворно место од куќа, сопственост на 56-годишниот С.Т. каде имало семејна веселба, по што на местото на настанот затекнати биле и лицата Љ.Т.(28), А.Т.(21), Е.Т.(22), Д.И.(23).
Повредени лица нема.
Подигнати биле 16 чаури кои се предадени за понатамошно вештачење.
Од лицата затекнати во куќата подигнати се барутни тестови и облека.
Се преземаат дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа