Направете највкусен компот оваа есен: Многу овошје, нема конзерванси, најдобар рецепт

 

Доаѓа есен, септември, летото си оди и сезона е за ајвар, малиџано, слатко и компото.

Ви нудиме одличен рецепт за компот.

Ви требаат 1 килограм овошје (кајсии, сливи, круши, вишни), 1 литар вода, 1/2 кеси лимонтус и 4-5 лажици шеќер.

Прво убаво се спремаат теглите, се мијат и се гледа капачињата да се здрави.

Потоа, се чисти овошјето, се сече ситно и се става водата со лимонтус и шеќер, па се става овошјето во тегли, се става од водата и се затвара. Се става теглата наопаку, па се превртува пак.

Потоа се загрева вода и се ставаат теглите во врела вода пет минути. нека стојат потоа во водата додека не се излади и чувајте ги како зимница. 

 

 

 

28.08.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега