Инцидент во македонски ноќен клуб - полицијата морала да пука

 

Инцидент во познат ноќен клуб во Ресен.

Во  03.15 часот по претходна пријава за нарушен јавен ред и мир во ноќен клуб во Ресен, полициски службеници од Полициската станица Ресен се упатиле на местото на настанот, каде што го нашле пријавителот Ф.И. и неговата сестра С.И. 

Во еден момент, пришло лицето Ц.К. кој најпрвин почнал да ги омаловажува и да им се заканува на полициските службеници, а потоа и на пријавителот кого потоа физички се обидел да го нападне, но во намерата бил спречен од полициските службеници кои пристапиле кон негово приведување.

Ц.К. пружал отпор, а напоредно со ова на местото на настанот се собрала група граѓани од кои четири лица директно се обиделе да го спречат приведувањето.

Тогаш, еден од полициските службеници испукал предупредувачки истрел во воздух, по што групата се повлекла. Ц.К. е приведен во ПС од ОН Ресен., стои во билтенот на МВР.

За настанот е известен дежурен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно документирање и расчистување на истиот.

 

 

 

28.08.2018 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега