Исчезнаа деца од „11-ти Октомври“ и “Ранка Милановиќ“
Во 20,20 часот во Полициска станица Центар, воспитувач во Домот за деца без родители „11-ти Октомври“, пријавил дека на 27 август во 19,30 часот од домот во непознат правец се оддалечила 17 годишна штитеничка на домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Во 15,30 часот во Полициската станица Гази Баба, вработен во ЈЗУ “Ранка Милановиќ“, пријавил дека на 26.08.2018 година од домот во непознат правец се оддалечиле нивни двајца штитеници на возраст од 12 и 13 години.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на малолетниците.
29.08.2018 - 14:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа