Драма во Македонија: Му го кршел возилото, го тепал па нападнал со секира

 

Секторот за внатрешни работи  Штип поднесе кривична пријава против  32-годишниот Д.Е. од Штип, за сторено  кривично дело „насилство“.

На 15-ти август околу 23:55 часот во Штип на улица „Сутјеска“ по вербална расправија во врска со паркирање на возило, пријавениот почнал да удира по стаклото од возилото на М.Д.(21) од Штип по што физички го нападнал нанесувајќи му телесни повреди.

При тоа, откако М.Д. побарал помош од присутните граѓани, пријавениот со рачка од секира замавнал кон него, но оштетениот успеал да ги избегне ударите.

 

 

 

30.08.2018 - 15:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега