Драма за прилепчани: Им изгореле тутунот, тракторот и колата, тие со изгореници во болница
Околу 17,00 часот вчера било пријавено дека во селото Нерово-крушевско, избувнал пожар во плевна сопственост на 63-годишниот С.Ј. и изгорело околу 600 бали со тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали со сено и слама, трактор „ИМТ 542“, патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, а на куќата биле испукани стакла од два прозора, при што била причинета материјална штета од околу 15.000 евра.
Во 19,00 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица-Крушево и Територијалната противпожарна единица-Кривогаштани.
Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот.
На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа