ВМРО-ДПМНЕ: Владата троши народни пари за приватни журки
Уште парите не се распределени за да може да започне кампањата, оние средства која власта си ги распредели сама на себе, а веќе Владата емитува однапред снимени реклами и спотови! Па господа кога и со кои пари се снимени овие реклами за самопромоција? Ова е уште една „журка“ на власта со пари од буџетот, додека економијата останува закована на дното.
Ова подлежи под морално политичка одговорност – парите за ваква намена се уште не се распределени, нема финансиска конструкција, а веќе се потрошени“, вели денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
31.08.2018 - 15:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа