Во пензија со минимум 15 години стаж и 64 години старост - Законот останува ист

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, денеска рече дека нема да има измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување.

Тој, одговарајќи на прашањето на пратеникот Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека и натаму ќе се оди во пензија  со минимум 15 години работен стаж и навршени 64 години старост за мажи и 62 за жени.

Пратеникот Пачков во прашањето наведе дека се зборува во јавноста дека по примерот на соседна Србија ќе се предложат законски измени со кои во пензија ќе се оди со збир на годините на старост и на работен стаж и тоа со 90 години за мажи и 85 за жени.

19.09.2013 - 14:38
Фото: 
миа

најчитано сега