Експлозија во фабрика во Самоков: "Вакво нешто не се случило 20 години"
Полицијата го истражува случајот со експлозијата во наменската фабрика „Сувенир“ кај Самоков, што се случи вчера околу 16,10 часот.
-Не ја слушнавме експлозијата. За неа дознавме по повеќе од еден час, кога стигна полиција од Македонски Брод, а и противпожарни возила. Знам само, како што велат жителите, имало експлозија пред влезот на еден од старите погони. Ова се нема случено 20-ина години. Тогаш имаше иксплозија и трагични последици, со загинати. Летово во фабриката беа вработени околу 150-ина луѓе, најголемиот дел од Самоков, другите од Македонски Брод. Ни беше чудно што ова се случува во недела, кога, освен чуварите, немаше никој.Во петокот се штрајкуваше зошто доцнеа платите и имаше ветување дека за неколку дена ќе се обезбеди плата. Има ново раководство, а со фабриката раководи некоја чешка фирма. Лично, експлозијата не ја слушнав, раскажува сведок за Локално.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа