Веќе никогаш нема да јадете пица без него - направете домашно чили масло
Доколку сте биле во Италија и таму сте јаделе пица, тогаш сигурно сте го виделе лутото маслиново масло или како што италијаните го викаат „Olio piccante al pepperoncino“ кое Италијаните не пропуштаат да го стават врз парче пица и слични италијански јадења.
Се прави многу лесно, а ви требаат чили пиперчиња и маслиново маслов.
Доколку сте од оние кои одгледуваат Чили во сакасии тогаш препораката е да користите Табаско или некоја од полутите видови на Чили Пиперчиња.
Пиперката пред да се стави во маслото треба да биде перфектно исушена. Ако купувате Чили пиперчиња од продавница, оставете ги да се исушат уште еден до два дена колку да бидете сигурни дека пиперката е целосно дехидрирана, биедјќи тоа е единствениот начин да бидете сигурни дека пиперката нема да се расипе во маслото.
Неколку чили пиперки (по ваша желба, во зависност од лутината) изронете ги на сити парченца или ставете ги во блендер или сецко (користете заштитна маска за устата кога ќе го отворате блендерот) за да бидат исто како буковец.
Ставете ги на дното на едно чисто и провидно стерилизирано и добро исушено шише. Врз нив истурете го маслиновото масло. Потоа, на две до три пиперчиња отсечете им ги цели дршки и цели ставете ги во маслото.
Оставете го да стои (не во ладилник) најмалку 20 дена.
Користете мали количини во зависност од вашата желба за луто. Кога ќе го потрошите маслото, целата постапка почнете ја од почеток со нови пиперчиња.
На овој начин, секогаш кога ќе сакате нешто луто ќе имате перфектно луто масло при рака, а пицата, веќе никогаш нема да ја јадете без него.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа