Пиштолот од тројното убиство најден на бензинска - телата 17 часа лежеле во крв
Постарата 28 годишна ќерка која живеела во Италија е осомничена дека ги убила нејзината мајка, татко и 14 годишна сестра, велат извори од истрагата за Канал 5. За успешно да биде изреализиран крвавиот план ангажирала двајца помошници кои и обезбедиле превоз и пиштол. Откако телата на убиените биле откриени, таа по тажната вест што и ја јавиле роднините се вратила во родниот крај.
Трагичниот настан се случи во три часот по полноќ на 26 август. Трикратниот убиец, со пиштол најпрво, во спалната соба ги убил со пиштол мајката и таткото, а потоа и нивната 14 годишна ќерка, а телата биле во крв 17 часа.
Канал 5 пренесува дека пиштолот бил најден близу бензинска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа