Страшна несреќа на патот Градско-Прилеп: Србин падна во провалија
Во 16 часот на патот Градско-Прилеп, 41-годишниот С.П. од Република Србија, управувајќи влекач „Сканија“ со полуприколка со српски национални ознаки, излетал од десната страна на коловозот и се превртел во провалија.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Прилеп, каде по укажаната лекарска помош бил задржан на понатамошно лекување.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.
04.09.2018 - 10:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа