Влегол во куќа да украде ќебиња па претепал дете: Незапаметена кражба во Македонија
Околу 17.20 часот на улицата „Ристе Ристески Ричко“ во Прилеп, во куќата на 34-годишната Б.П. непознато лице извршило разбојничка кражба.
Сторителот преку незаклучената влезна врата влегол внатре и одзел две ќеси со ќебиња. Притоа, сторителот бил забележан од шестгодишната ќерка на Б.П., која кажала на нејзината баба Б.И. (60) и на 12-годишниот брат.
На улицата „Александар Македонски“ тие го стигнале лицето, кое физички го нападнало 12-годишникот и избегало.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот./
04.09.2018 - 14:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа