Пожарникари го ваделе од провалија: Моторџија излета преку банкина на патот Скопје-Велес

 

Во текот на вчерашниот ден во 16.45 часот на автопат Скопје-Велес, мотоцикл „Кавасаки“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од 43-годишниот М.А. од Прилеп, удрил во рабник и банкина и излетал од коловоз на непристапен терен.

 Со асистенција на Противпожарната бригада-Скопје, М.А. бил извлечен и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“-Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

05.09.2018 - 09:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега