Данецот што ја распарчи новинарката Ким Вол, тврди дека не е нејзиниот убиец

 

Данскиот пронаоѓач Петер Медсен (47) негираше дека ја убил новинарката Ким Вол, но призна дека го распарчил нејзиното тело и го фрлил во морето во август 2017 година. Тој во судот рекол  дека Волф починала од задушување на палубата, до кое дошло под несреќни околности.

Обвинителите веруваа дека сè било испланирано однапред бидејќи пилата, ножот, пластичните жици и тегови ги зел со себе на бродот.

Тие беа убедени дека гледал фетишистички филмови во кои жените се малтретирани, обезглавени и запалени живи, бидејќи иследниците откриле такви филмови во неговиот компјутер, иако тоа тој сето тоа го негираше.

Мадсен беше осуден на доживотен затвор во април, а во мај побара намалување на казната.

Жалбениот процес ќе почне в среда во Високиот суд во Копенхаген, а сослушувањето треба да продолжи на 12 и 14 септември.

Пресудата се очекува на почетокот на 14 септември.

Во Данска, доживотниот затвор трае во просек 15 години.  Затвореникот може да бара да биде ослободен откако ќе отслужи 12 години.

 

 

 

05.09.2018 -13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега