Обид за убиство во Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 43-годишниот Љ.М. за убиство во обид.
Околу 21.45 часот во домот на Н.Д. (40) на улицата „Доне Божинов“, Љ.М. со остар предмет му нанел две убодни рани во пределот на градите на Н.Д. додека пак М.С.(47) го удрил со чаша по главата.
Н.Д. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница Куманово, од каде, по укажаната помош, бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.
05.09.2018 - 14:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа