Албански државјанин почина сечејќи дрва

 

Во утринските часови на вчерашниот ден во шума во атарот на селото Лазарополе, со која стопанисува Националниот парк „Маврово“, 53-годишен Албанец доживеал несреќа при сечење буково стебло со моторна пила по што починал.

Како што информираат од МВР, една од гранките му паднала врз главата по што човекот загубил свест. Тој бил ангажиран од приватна фирма од Струга, која имала тендер за сеча, дотур и транспорт на огревно дрво.

 

Со службено возило од Националниот парк работникот бил префрлен до Медицински центар Дебар, но каде поради сериозноста на повредите со медицинско возило бил префрлен до Клинички центар Охрид. Синоќа, околу 2 часот по полноќ, 53-годишникот им подлегна на повредите.

Полицијата презема мерки за целосно расветлување на случајот.

 

 

 

05.09.2018 -16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега