Михаела отишла да си го земе детето од градинка - го нашла целото со модрици
Михаела Лела Јеросимиќ (24), мајката на едногодишниот Стефан, беше шокирана кога во вторникот после работа отиде да си го земе синот од градинка, кој на лицето беше со повреди.
Според Лела негователките од градинка прво му рекле дека се повредил во кујната, а потоа и рекле дека Стефан паднал во пластична кујна која служи за играње на децата.
- Прво тие ми рекоа дека паднал во вистинска кујна, а потоа ја сменија приказната и ме убедуваа дека паднал во пластичната кујна. Како и да е ова е неприфатливо бидејќи не ми се јавија кога се случило тоа. Кога ме виде Стефан само се стрча кон мене и почна да плаче. Ова е несфатлива безчуствутелност и негрижа. Дали требаше да остане без око за да ме известеја?! Навистина несфатливо.
Повредите на едногодиќниот Стефан се во горниот и очен капак, а за утврдување на повредата Лела и Стефан беа испратени кај специјалист.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа