Страшна несреќа во Скопје: Две девојки се забија со колата во семафор и жардиниера
Страшна несреќа се случила во 5 часот и 30 минути на крстосницата од булеварот Илинденска со Никола Теска во Скопје.
Полицијата денеска информира дека патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната Н.З. од Скопје, удрило во семафор и бетонска жардиниера.
Од ударот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката, 22-годишната А.Н. од Скопје, додека со телесни повреди се здобила и девојката која возела.
Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде има била укажана лекарска помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа