Анкета на неделникот Фокус: Скоро половина граѓани на Македонија сметаат дека Преродбата на Груевски ја подобрила општата состојба

 

 

 

Кликнете на сликата за поголема верзија

Скоро половина граѓани на Македонија сметаат дека Преродбата во 100 чекори со која ВМРО-ДПМНЕ пред 7 години ја превзема власта значително или малку ја подобрила општата состојба во Македонија, покажува најновата анкета која за потребите на неделникот Фокус, ја изготви агенцијата Рејтинг, на екс министерот на СДСМ, Ѓорѓи Спасов. 
Според анкетата, 10,6% од граѓаните сметаат дека општата состојба во последните 7 години значително е подобрена додека 36,5% гледаат мало подобрување. 14,7% од анкетианите граѓани изјавиле дека состојбата останалаиста. 
37,9% од анкетираните сметаат дека состојбата е малку или значително влошена, односно 15,6% гледаат мало влошување а 22,3% значително. 
Анкетата е спроведена во првата недела од септември врз репрезентативен примерок од 1560 испитаници

19.09.2013 - 21:45

најчитано сега