"Ги знам сите во Влада, дај пари и ќе имате поголема пенизја" - измамен пенизонер од Скопје
Во Полициската станица Ѓорче Петров се јавил 79-годишниот С.Т. од Скопје и пријавил дека во текот на месец јануари 2018 година преку негов пријател се запознал со лицето Х.Ф. кој се претставил дека е висок функционер во МВР, како и дека има блиски контакти со високи функционери од Владата, доведувајќи го во заблуда дека ќе издејствува неговата сопруга пред време да земе пензија.
Сторителот во два наврати за истото земал од С.Т. 76,000 денари. Откако оштетениот извршил проверки во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, видел дека барање за пензија на неговата сопруга не е поднесено и сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчитување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа