Страшна сцена во Скопје: Автобус прегази дете

 

Во 16.00 часот на булевар „Никола Карев" во Скопје, 52-годишниот Д.Н. од село Мралино, скопско, управувајќи автобус „Лаз", удрил во 11 годишно дете од Скопје.

По незгодата, со возило на брза помош детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза", каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

На патничка во автобусот, Ж.Ј.(48) од Скопје и била укажана лекарска помош во Градска општа болница "8-ми Септември" каде и биле констатирани телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

07.09.2018 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега