Хаос во Скопје: Му ја удрил посилно вратата на таксистот, тој го претепал
По полноќ во Полициската станица Аеродром, 24-годишниот М.Е. од Гевгелија пријавил дека на 05.09. околу 23.35 часот на булеварот „3 -та Македонска Бригада“ во Скопје физички бил нападнат од такси возач од непозната такси компанија.
Според пријавителот, тој претходно се возел во такси возилото „Форд“ на релација од Зелен Пазар до Ново Лисиче. На наведената локација му рекол на таксистот да застане, а откако му рекол дека сметката е голема му дал повеќе пари и излегол од возилото и притоа посилно ја затворил вратата.
После тоа, такси возачот излегол и физички го нападнал.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа