Петмина повредени во сообраќајка во Прилеп
Во 18.00 часот на локалниот пат Прилеп – село Прилепец, 60-годишниот Г.С. од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „Опел Фронтера“ со прилепски регистарски ознаки излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.В.(52) од Прилеп, кој по укажаната лекарска помош во Градска болница Прилеп е препратен на лекување во Комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје.
Возачот и останатите три сопатници се здобиле со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.
08.09.2018 - 12:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа