Видео: Приведен градоначалникот на Демир Хисар

 

Градоначалникот на Демир Хисар утрово им се заканувал на вработените во училиште поради што полицијата го привела.

Како што потврдуваат извори од МВР за Пресс24,  граданочалникот на општина Демир Хисар од СДСМ, Марјанче Стојановски, е приведен утрово.

-Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ви слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натаму, им вели разбеснатиот Стојановски на вработените во училиштето, пренесе Лидер.

Марјанче Стојановски на градоначалничката позиција дојде на последните избори.

 

 

 

 

09.09.2018 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега