Излетале со колата во провалија на патот Градско-Прилеп: Двајцата починале на лице место

 

Дваесет минути по полноќ на магистралниот пат Градско-Прилеп, патничко возило „Опел Астра“, управувано од 37-годишниот О.И. од Прилеп, изгубило контрола, удрило во заштитна ограда од мост и излетало од патот во провалија.

Притоа, возачот О.И. и сопатникот Р.М. (56) од Прилеп починале на местото на настанот. Смрт била констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.

За време на увидот, од 00.30 до 05.00 часот сообраќајот се одвивал со наизменично пропуштање на возилата.

 

 

 

10.09.2018 - 09:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега