СДСМ: Незаконското прислушување заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

 

Од СДСМ реагираат на прес-конфернцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Масовното прислушување на граѓаните беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време е завршено со нивното заминување во опозиција.

Нема повеќе незаконско прислушување на граѓаните и кршење на нивните права,  човековите права и слободи се гарантирани и почитувани, а надлежните институции постапуваат во служба на законите.

Надлежните институции експресно реагираа, се истражува случајот со градоначалникот на Демир Хисар низ соодветна законска постапка. Истрагата ќе ги даде сите одговори, вклучително и прашањето за евентуална одговорност.

Времето на неказнивост, протекционизам и селективна правда заврши со заминување од власт на ВМРО-ДПМНЕ. 

Денес Македонија е правна држава во која никој не e над законите и тие важат за сите подеднакво. Секој кој постапува незаконски одговара за своите постапки без разлика на неговата етничка, верска, политичка или каква било припадност“, пишува во соопштението на СДСМ.

 

 

 

10.09.2018 - 16:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега